Metamorphosis - Нова револуционерна течна пудра од Giordani Gold
Веќе 40 години, Giordani Gold создава префинети, врвни производи збогатени со најексклузивните состојки на светот. Потрагата по мајсторство и совршенство на Giordani Gold се одразува во желбата на Орифлеим да ти помогне да живееш и да изгледаш прекрасно. Сега, Giordani Gold ти претставува нов производ што ќе ти помогне да го претвориш твојот изглед во вистинско ремек-дело.
Giordani Gold Metamorphosis Течната пудра е првата трансформирачка пудра на Орифлеим, со MetaReactive Технологија, која при допир со кожата се претвора од течност во кадифена пудра. Нејзините преобразувачки моќи доаѓаат од комплексната палета на технологии: екстракт од морски алги, 3Д-пигменти и технологија за контрола на масти.
Сите овие технологии дејствуваат заедно за да создадат хармонични резултати. Екстрактот од рачно набрани морски алги ја негува кожата, за таа да стане мазна и со подобрена еластичност. 3Д-растегливите пигменти го изедначуваат тенот, ги покриваат несовршеностите и ѝ овозможуваат на пудрата да се движи со лицето. За крај, технологијата за контрола на мастите помага за балансирање на мастите и создава природен мат-изглед.
Giordani Gold Metamorphosis е практична за нанесување со врвовите на прстите, а резултатите се видливи веднаш: мат-изглед, без несовршености и изедначен тен. Преобрази ја кожата и уживај во беспрекорен изглед во текот на целиот ден!