Ми ја покри устата за да не врескам: Мира Фурлан била силувана од јавна личност - открива сѐ во нејзините мемоари

ФОТО: Youtube/screenshoot/VESTI DANA / Youtube/screenshoot/

Кон крајот на својот живот, Мира Фурлан напиша мемоари кои во последно време привлекуваат големо внимание во јавноста.

Актерката Мира Фурлан почина минатата година на 65-годишна возраст, од компликации предизвикани од вирусот Западен Нил. Познатата хрватска актерка, која оствари успешна кариера на Балканот и во Холивуд, беше често осудувана од јавноста. таа беше протерана од Хрватска, поради љубов, а почина трагично од вирусот Западен Нил пренесен од заразен комарец. Но таа во животот имаше и во себе чуваше и други потресни работи кои ѝ се случиле, а за кои реши да прозборува дури кон крајот на својот живот.

Во извадок од книгата „Таа ме сака повеќе од сѐ на светот“, Мира пишува дека била силувана од јавна личност, но сепак одлучила да не го открива неговиот идентитет.

Меѓу другото, Мира таму опишува голем број непријатни ситуации на кои била изложена, од повеќето излезе како победничка, но една била повеќе од мачна.

- Една зимска ноќ, се туширам во Цитеовата заедничка бања. Оставив водата да тече врз мене после цел ден одење по улиците и размислување за мојот осамен живот без пристаниште. Очите ми се затворени. Уживам во топлата вода на мојата кожа - одеднаш некој ме фаќа за раменици. Ги отворам очите, до мене под туш е голем, гол маж. Јас врескам и го туркам надвор. Се обидува да ме совлада, но моите врисоци го бркаат и ме пушта. Бегам од тушот. Трчам на улица обидувајќи се да го покријам моето голо, влажно тело со мала крпа што успеав да ја грабнам во последен момент. Слушам човек како вика по мене: „Tu es une raciste! - реченица идентична со онаа што црнец ја извикуваше по мене во Амиен, на едно од моите соло патувања низ Европа. Исто така, како и досега, имам силен нагон да трчам по човекот, да го запрам и да му објаснам дека моето бегство не е резултат на мојот расизам, туку незаинтересираност за секс со непознат дечко под туш во заедничката бања на универзитетскиот дом.

Доста интересно, но оваа случка особено не ме повреди, скрши или понижи. Наместо тоа, го сметав за уште една авантура, уште една опасна ситуација која многу паметно успеав да ја избегнам.

Повеќе ме загрижуваше можноста насилникот погрешно да го разбере моето бегство, како израз на мојот расизам. Тоа обвинување изгледаше потешко да се поднесе од самиот напад. Можеби затоа што никогаш не мислев дека сум во вистинска опасност. Се чувствував непобедливо. Сите овие опасни ситуации беа само интересни приказни, драми или филмови покрај кои поминував.

Веќе се бев сретнала (со можно) сексуално насилство и претходно. Кога имав шеснаесет години, среде бел ден одев по улица во Загреб. Две големи раце наеднаш се појавија низ вратата, ме зграпчија со зачудувачка сила каква што не сум сретнала досега и ме вовлекоа во темна зграда. Невидлива личност ме држеше цврсто во темниот премин. Двајцата момци разговараа за тоа што ќе прават понатаму, спомнувајќи празен стан горе. Моќта на стисокот беше сосема ново искуство за мене. Јасно разбрав дека бегството не е можно. Потоа се исклучив, гледајќи рамнодушно. Момците станаа нервозни. Тие не можеа да разберат зошто не се карав и не врескав. „Погледни ја“, рече еден. „Чудна е.“ „Чудна е“, рече и другиот. „Ајде да одиме. Воопшто не е забавно“. И така ме ослободија. Варијација на таа сцена се случи две години подоцна, кога јас и мојата другарка Катија се враќавме дома по една ноќна проба на Академијата. Наеднаш се појавија двајца момци и почнаа да нѐ малтретираат. Катја врескаше и удри еден, пцуејќи ги. Но, јас, навистина чудно, му пријдов на еден од нив, љубезно се насмевнав и учтиво го замолив да престане. Катја се колне дека мојот избор на зборови бил вака (јас не се сеќавам на тоа): „Ве молам оставете нѐ на мира. Ветуваме дека ќе бидеме добри девојки. Никогаш повеќе нема да го направиме тоа. „(А што да правиме повторно? Да одиме по улица?!) И повторно реакцијата беше чист шок бидејќи бев „чудна“. Насилниците изгубија интерес, а ние се ослободивме од нив.

Тоа што сум „чудна“ не ми помогна многу години подоцна, додека разговарав и пиев во нечиј стан по театарска претстава. Одеднаш, завршив сама со човек кој едвај го познавав, човек од друг град, многу позната јавна личност. Каде се сите други? Каде отидоа? Ме зграпчи со страшна сила. Ме фати за колено додека ги држеше двете раце над мојата глава. Се чувствував целосно беспомошно. Ми ја покри устата со раката за да не врескам. Заврши за неколку секунди. Можеби неговата брзина ме спаси да не бидам преплашена од нападот. Мојот ум не можеше да продолжи. Сѐ беше готово пред да можам да сфатам што се случило. Бев запрепастена и без зборови. Исчезна следната секунда. Јас, пак, трчав низ улиците на Загреб до дома, повеќе шокирана од дрскоста отколку од насилството. За момент помислив да одам во полиција, но решив да не одам. Знаев дека полицајците значително ќе си намигнуваат, мислејќи: „Курла. Таа го доби она што го заслужи“- ја пренесува исповедта на Фурла, Јавнисервис.нет.

извор:najzena