Поради љубов беше протерана од Хрватска: Животната приказна на Мира Фурлан

Добивај вести на Viber


Познатата хрватска актерка Мира Фулран, која оствари успешна кариера на Балканот и во Холивуд, почина. Веста за нејзината смрт беше потврдена на нејзините официјални профили на социјалните мрежи. Многу нејзини пријатели, познати и блиски се простија од неа преку Фејсбук и Инстаграм. Инаку, Мира по потекло е од Хрватска, а се вљуби во Србин, токму поради таа љубов хрватските медиуми ја нарекоа „предавник“.

Животната приказна на познатата хрватска актерка Мира Фурлан, помалку е невистинска, како за некој филм, бидејќи од моментот кога се заљуби во еден Горан веќе ништо не беше исто.

Мира е родена во Загреб, а важеше за секс симбол во поранешна Југославија. Во својата кариера има врни актерски улоги, а врвот на славата го достигна во 1991-ва година кога се отесли во САД и отпочна потполно нов живот.

Имено во 1986-та година го запозна српскиот режисер Горан Гајиќ со кој набрзо почна врска. Бидејќи поради љубовта живееше на релација Белград-Загреб, хрватските медиуми на почетокот на деведесеттите години ја обвинија дека им се предала на Србите и дека е предавник.

Мира со сопругот Горан Гајиќ и нивниот син Марко Лав

Често посетуваше психијатар, поради што беше осудувана од јавноста. Откако доби отказ од Хрватскиот театар, и беше одземен станот кој го наследи од баба си, а дневно добиваше по 50 закани за смрт.

Мира и Горан во 1991-ва година беа приморани да се одселат од Белград, од каде отидоа во САД и работеа се само за да преживеат. Горан работеше како доставувач, асистент на монтажа и монтажер, а Мира како келнерка, продавачка и како преведувач.

Мира во САД, наскоро почна да гради кариера. Во почетокот глумеше во дури 11о епизоди на научно-фантастичната серија „Babylon 5" во периодот од 1994 до 1998 година.

Во периодот од 2004 до 2008 глумеше во американската серија „Изгубени“ („Lost“) која оствари планетарен успех, а беше исклучително гледана и на Балканот.

Кога е во прашање животот во Америка, таа многупати истакнуваше дека не е лесно.

- Америка, како што знаеме е многу затворена земја, на која не ја интересира ништо за нас. Мислам дека повеќето Американци не знаат каде точно се наоѓаше земјата наречена Југославија. Тоа за нив е нешто непознато- објасни Фурлан во едно интервју.

Актерката глумеше во „Вавилон 5“, во култната серија „LOST“, во филмовите „Татко на службено патување“, „Убавицата на порокот“, „Три за среќа“ и други.



Фото насловна: 

ФОТО: Youtube/screenshoot/VESTI DANA

Можеби ќе ве интересира:

Во канџите на западнонилскиот вирус: Од него почина актерката Мира Фурлан - како се пренесува и лечи?