„Ми открија тумор на хипофиза“: Зои Блаж поради тоа се бори со акни, и Нина Ред со години има сличен проблем
Зои Блаж и Нина Ред отворено зборуваа на тема акни со кои денес се соочуваат многу девојки и жени.
Тие две се борат со акни долги години, но велат дека конечно ги прифатиле нивните лица и затоа сакаат јавно и гласно да зборуваат на таа тема, со цел да охрабрат и други да не губат самодоверба и да се сакаат такви какви со што се.
Шминкерката Зои Блаж веќе четири и пол години се бори со акни, но од денешен аспект на овој проблем гледа со други очи.
Таа вели дека има хормонален дисбаланс, како и проблем со тироидна жлезда кој смета дека е наследен, поради што примала и терапија која не била правилна, а пред година дена, кога направила магнетна резонанца на главата ѝ откриле тумор на хипофиза - кој всушност ги регулира хормоните, од каде потекнува и дисбалансот.
Водителката Нина Ред исто така отворено зборуваше за своите акни со кои се бори десет години.
Заедно споделија и совети, но најважно од се' ги охрабруваат сите да се сакат и да се прифатат себеси онакви какви што се.
ВИДЕО: