Ми велеа дека сум дебела! Не смеам да забременам: Неверојатната животна приказна на Крстиња Тодоровиќ

Кога имав 160 килограми, ми велеа дека сум дебела како свиња. Сега на 70 килограми имам додворувачи, вели пејачката која беше на операција за намалување на стомакот и отстранување на вишокот кожа.

Крстиња Тодоровиќ (25) ослабе 90 килограми и од дебела стана топ риба! Натпреварувачката на „Ѕвездите на Гранд“ пред две години направи операција за намалување на стомакот бидејќи имала дури 160 килограми.

Таа сега изгледа подобро од кога било, па мажите секојдневно ѝ се додворуваат.

„Дебела станав топ риба! Затоа имам многу додворувачи кои го фалат мојот изглед – започнува приказната на Крстиња за Информер.

View this post on Instagram

A post shared by Krstinja Matanović (@krstinja_official)


На 13 јануари 2020 година, пејачката направи редукција на желудникот во родната Подгорица.

- Морав да се оперирам, бидејќи во спротивно не можев да се ослободам од вишокот килограми. Мајка ми почина кога имав девет години, па утеха најдов во храната. Кога моите видеа дека се чувствувам подобро додека јадам, самите ми носеа храна. Но, кога  сфатија дека претерувам, веќе беше доцна. Најмногу се здебелив од чипс, смоки и други грицки, бидејќи не сакам слатки - вели Крстиња, која поради физичкиот изглед се најде на столбот на срамот:

- На улица во Подгорица ми викаа: „Дебела“, „Свиња“... Им возвраќав со насмевка, но кога ќе дојдев дома плачев. Станав психички нестабилна затоа што читав се‘ и сешто за себе на интернет. Ми пишаа: „Како изгледаш, изродке“, „Не ти е срам да изгледаш така“... Ме заболе што повеќе го коментираа мојот изглед отколку пеењето. Но, токму тоа ме наведе да направам нешто.

Не смеам да забременам
Крстиња вели дека лекарите и препорачале извесно време да не остане бремена.
-Морам да чекам најмалку година ипол, бидејќи не се препорачува забременување по овие две операции. Но, не се брзам, млада сум, градам кариера, а за деца не ни размислувам - вели пејачката на која сопругот ѝ е најголема поддршка:
- На почетокот тој не сакашеда се оперирам, бидејќи се плашеше дека нешто ќе тргне наопаку. Малку е љубоморен, но не го покажува тоа. Нему не му е грижа што сум поубава.


Отиде да го намали стомакот и килограмите почнаа да се топат.

- Првиот месец ослабев по еден килограм дневно. Петнаесет дена ми дозволија да пијам само течности, а другите 15 јадев каша. Не можев да изедам повеќе од два или три залаци и се чувствував како да сум јадела три сендвичи. Тоа ми беше навистина страшно.

Благодарна е на ПоповиќПлатила 5.500 евра за операција на желудникот, а интервенцијата за отстранување на вишокот кожа ја финансирал Саша Поповиќ.
- Благодарна сум му што ги плати трошоците, бидејќи не можев да си го дозволам тоа.
Сега кога изгледа феноменално, Крстиња обожава да се разубавува и да пазарува.
- Претходно не сакав да одам на шопинг. Тешко ми беше да најдам нешто што ми одговара, а за дебелите луѓе гардеробата е двојно поскапа. Носев 5 XL, а сега М или Л. Морав да го обновам целиот плакар, но тоа е слатка мака.

View this post on Instagram

A post shared by Krstinja Matanović (@krstinja_official)


Пиев по едно пакување лименки дневно

Пејачката открива дека еднаш дневно пиела цело пакување лименки „кока-кола“!

- Опасно е да се пие „кока-кола“, бидејќи може да настанат компликации. Газираните пијалоци ми се строго забранети. Но, понекогаш е посилно од мене, па пијам. Порано пиев по едно пакување лименки „кока-кола“ на ден, а сега понекогаш пијам една чаша - искрена е Крстиња.


Фото: Инстаграм/Крстања