Миа Костова: Никогаш не сум направила третман на лице

Добивај вести на Viber

Мајка е на седумгодишниот Андрија, и една од најнегуваните жени во домашниот јавен живот. Водителката Миа Костова секогаш отворено зборува за своите естетски хируршки зафати, и ги охрабрува и останатите жени да се разубават на истиот начин. Со Миа во рубриката „Пред огледало“ пред една година разговаравме за нејзините ритуали за убавина. 

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

- Дневен ритуал, во принцип ми е темелно чистење на лице, крем и дискретна шминка која подразбира маскара и руменило.

* Со какви препарати го негувате лицето?

- Благодарение на мајка природа имам исклучетело убава кожа, која не бара ништо посебно освен максимална хидратација со оглед на тоа што имам сува кожа. Најважно правило е легнување со екстра чисто лице намачкано со крема, под точка обавезно вадење шминка. Користам козметика на Бабор, иако често знам да се намачкам со Бекутан крема дури и со Павловичева ако почуствувам потреба за "многу мрсна“ крема.

* Посетувате ли козметички салони?

- Студио Сикрет ми е втор дом, антицелулитни масажи, маникири и педикири, со тоа што никогаш во живот немам направено класичен третман на лице, не дозволувам никој да ме “стиска” можеби не сум видела мака ама затоа окси третман ми е врв во борба против сува кожа. 

* Кои производи ги употребувате за нега на коса?

- Косата ваква каква што ми е мора да му е доверена на професионалец. Адо и Hair do Salon се грижат да не сум како запалена метла со оглед на тоа што ја малтретирам на три недели со бланш и фарба. Користам високо квалитетни шампони и маски, на Керастасе или на Вела, дома верувај немам ни шампон.  

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

- Вистината е дека најдобро изгледам со дискретна шминка дури и за вечерни излегувања. Доволна е квалитетна пудра, малку контури, маскара, истакнати веѓи и кармин. Ништо не прикривам ниту нешто посебно истакувам.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

Омилени производи ако зборуваме за декоративна козметика тогаш може да се удавам во производите на MAC, инаку кажав користам Бабор, немам ништо против Shiseido ili Estee Louder. 

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Во несесер секогаш имам пудра, неутрален кармин, руменило и маскара. 

* Омилен парфем?

- За парфеми се врзувам па понекогаш сум и предосадна, Cinema na ISL го користам едно 10 години, од поновите ми е WANT на Disqared.

* Како ја одржувате линијата?

- Оф, линијата е посебна приказна. Јас сум паталец и човек кој вечито има мака со килограми. Најчесто сум концентрирана на нискокалорична исхрана, па од време на време знам да качам 2-3 кила па пак назад. Обично менито ми е кафе со шеќер под точка обавезно, две салати и евентуално овошје ама не секој ден . Ретко јадам месо зошто не сум некој љубител а и тешко го варам. Грешам со многу чоколадо и тестенини.

М.Џаровска