Моден фокус // Трендови
Мила Царовска како кралицата Летиција: Елеганција на ниво
Министерката Мила Царовска важи за дама со одмерен стил на облекување и секогаш внимава парчињата облека да бидат убаво усогласени. Интересно е тоа што воопшто не е стилски конзервативна како повеќето политичарки и се труди да го разигра својот моден израз.
Но овој пат ја гледаме во беспрекорна елеганција. Всушност се работи за капут во нежно- зелена боја кој има строг крој, без јаки и мотиви, а како детаљ министерката употребила впечатлив брош.
Интересно е тоа што ваков сличен капут на едно од своите појавувања носеше и кралицата Летиција од Шпанија. Незиниот капут е во нежно- виолетова боја, но таа наместо брош употребила суптилни обетки.
Фото: Фб. профил на министерката Мила Царовска и Дејли Експрес