МИЛЕНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Милена е име со чешко потекло, што значи љубов, женственост и топлина. Името Милена беше многу популарно на овие простори во 80-тите години на минатиот век, по истоимениот хит на групата „Нови фосили“. Името е изведено од зборот „мила“, „мио“, што е многу честа појава кај многу словенски имиња што значи „мила и драга“.

Нумеролошката вредност за името Милена е 1. Личностите кои го носат името Милена оставаат силен впечаток кај луѓето околу нив, бидејќи секогаш привлекуваат внимание. Тие се полни со самодоверба и свесни за своите вредности. Најчесто постигнуваат успех во животот, не можат да поднесат да изгубат.