Милица Павловиќ повторно направи драстична промена: Има нова фризура - изгледа толку моќно што „брише години“

Добивај вести на Viber

Милица Павловиќ повторно ја промени фризурата, овој пат ја скрати косата

Пејачката Милица Павловиќ неодамна го промени имиџот и косата ја исфарба руса. На оваа драстична промена Павловиќ се одлучила поради новиот албум кој неодамна излезе.

По малата пауза што ја имаше по пандемијата, таа реши да се врати во полн сјај.

Милица овој пат се одлучи за уште една промена, па драстично ја скрати косата. Сега таа има популарна боб фризура. Со овој потег атрактивната пејачка покажа дека нема проблем со промените, и дека сака да експериментира кога е во прашање косата.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Фризерите им ја препорачуваат оваа моќна фризура на многу дами, бидејќи таа „брише години“. Тврдат дека на сите им прилегаат добро, а една дама ја прават да изгледа помлада и посвежа.

Таа оваа промена ја сподели на својот Инстаграм профил, а јавноста е воодушевена. Имено, под фотографијата имаше позитивни коментари.

Инаку, вчера пејачката наполни 31 година, а по тој повод се фотографирала и разговарала со своите фанови.

Нема сомнеж дека боб фризурата е апсолутен хит оваа година и дека на пејачката и се допадна овој стил. 


Фото: Инстаграм - Милица Павловиќ