Милош Биковиќ откри дека е Македонец: Убавиот актер е од Берово

Познатиот актер од Србија, шармантниот Милош Биковиќ, беше гостин во „лајв“ на Инстаграм на магазинот Бекстејџ.

Тој откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски. Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито - сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.

Во претходно интервју, Милош раскажуваше за односот со мајка си, и со брат му кој е монах.