Минимализам во режија на кралицата Летиција: Ваков костим мора да има секоја жена со стил (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Овој трик на шпанската кралица мора да го запаметите...

Сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести, кралицата Летицција успева за секоја своја комбинација да добие чиста десетка, па ни овој пат не беше ништо поинаку. Дајте ѝ строго деловни околности и подгответе се за вистинска мала модна магија. Брилијантно носи разни дезени, совшено изгледа во тесни здолништа, но слободно можеме да кажеме дека на кралицата најдобро ѝ стои женски костим.

Шпанската кралица пред неколку дена во Мадрид присуствуваше на состанокот на Управниот одбор на Фондацијата за помош на зависниците од дрога во кампусот на „Гугл“, а веднаш потоа и на настанот наречен „(In)formate“, панел дискусија за критична мисла и медиумска писменост, а за оваа пригода облече нешто со што ги воодушеви сите.

Сопругата на Филип Шести може да се пофали со тоа што е сопственичка на неколку одлично сошиени костими, кои често и со задоволство ги носи и не се двоуми да ги облече уште еднаш во многу краток период, со што одново ги потсетува љубителките на нејзиниот стил на старата изрека дека „не сме доволно богати за да носиме евтина облека“. Нејзините костими се квалитетни, со вонвременски дизајн и многу погодни за комбинирање, а овој пат изборот падна на оној од шпанската модна куќа „Bimba y Lola“.

Станува збор за костим составен од сиво сако, кое благо се шири и има рамни ракави и панталони со рамен крој. Посебно внимание привлекуваат копчињата, кои му даваат острина на сакото, а Летиција на сево ова примени и еден одличен моден трик.

Имено, сивата и црната комбинација на бои секогаш се посакувани во зимските месеци, но со нив треба да се има мера. Овој спој најдобро изгледа кога едната боја е во прв план, а другата ја следи како поддршка, а имајќи го тоа предвид, Летиција реши сивата да биде „предводник“, додека црната боја да е тука „во позадина“ на едноставната маица која е скриена зад сакото и салонките со високи потпетици. И самиот дизајн на црните парчиња укажува на неутралност и на тоа дека целиот фокус е на костимот. 

Шпанската кралица носеше и црна чанта од крокодилска кожа со која ја заокружи целата комбинација.

фото: Profimedia