Мишел Фајфер има нова фризура која ќе ја обожуваат и 50+ жените: Спој на младешка свежина и француски шик (ФОТО)
Доколку сакате да го модернизирате и освежите изгледот, пробајте ја новата фризура на Мишел Фајфер!
Оваа година сосема очекувано се отфрла старото правило дека жените на одредена возраст треба да ја потстрижат косата на кратка должина. Да се разбереме, не ви треба да слушате апсолутно никој освен да го правите она што ви одговара и прави да се чувствувате убаво и удобно во своја кожа. Токму тоа го демонстрира актерката Мишел Фајфер, која на својот Инстаграм покажа нова фризура – боб кој изгледа неверојатно модерно и шик, особено во светло руса нијанса.
Фризурата ја дизајнираше Крис Мекмилан, кој е и долгогодишен фризер на Џенифер Анистон, сакајќи да создаде нешто елегантно, идеално за жените кои сакаат да го освежат својот изглед како Мишел во 60-тите години.
Со отсечени врвови и тап крој, оваа фризура не бара многу стајлинг и одржување, што ја прави уште посимпатична. „Понекогаш едноставноста прави голема разлика“, вели популарниот фризер, навестувајќи дека ако сакаме да направиме промена, не мора да одиме во крајности.
Светло русата боја донесува младешка свежина, а разбушавената текстура е француска ноншалантност ја обожаваме. Па, еве малку инспирација за вашата следна фризура!
Мишел претходно косата ја носеше подолга и со нијансирани прамерни.А, еден период беше и црвенокоса.
извор:elle
Се запознале на состанок на слепо: Љубовната приказна на Мишел Фајфер