Мислеше дека има анксиозност: Нападите на паника биле симптом за нешто многу сериозно

Добивај вести на Viber

Скенирањето на главата покажало дека има тумор на мозокот со големина на две јаболка

Во декември 2018 година, Кетрин Вилкоксон (37) од Англија почнала да ја губи свеста, се чувствувала уморна и добивала напади на паника. Првично, таа била дијагностицирана со напади на паника и нарушување на перцепцијата на реалноста, а лекарите и препишале антидепресиви.
Сепак, шест месеци подоцна, таа открила дека тоа е всушност последица на тумор на мозокот кој се развивал во нејзината глава веќе 20 години.

Туморот е откриен во мај 2019 година, кога за време на спиењето доживеала тежок напад, паднала од креветот и ја удрила главата од земја.

Мајката на две девојчиња веднаш била пренесена во општата болница во Шефилд, направено и е скенирање на главата што покажало дека има тумор на мозокот со големина на две јаболка.



- Тоа беше апсолутен кошмар. Тоа страшно чувство на паника преовладуваше во мене. Имав кратко губење на свеста, што се случуваше цело време. Една ноќ се разбудив на подот - бев збунета а ќерките ме гледаа преплашени. Да не беа тие, јас не би била жива денес, тие ми го спасија животот - изјави таа.

Гледајќи наназад, Кетрин вели дека е радосна што на крајот и бил пронајден туморот затоа што живеела со болеста, односно ги извршувала сите свои должности секој ден и покрај симптомите.
- Кога размислувам за тоа, тоа ми прави да се чувствувам уште полошо затоа што се ставам себеси и другите во опасност. Не страдав од напади на паника, но зад тоа се криела сериозна болест. Јас ги правев вообичаените работи секој ден и бев со девојчињата, нешто можеше да тргне наопаку - вели Катрин.

Веднаш по скенирањето на главата, лекарите и рекле дека има тумор на мозокот (астроцит). Туморот постепено растел во нејзиниот мозок, најмалку 20 години.


Нејзиното здравје е загрозено, а само еден месец по дијагностицирањето, лекарите извршиле итна операција со која оставиле убодни рани на главата. За среќа, сè поминало добро, и оваа храбра мајка е особено благодарна на хирургот кој всадил доверба во неа за време на тешките денови.
Шест недели по операцијата, таа била подложена на радиотерапија и хемотерапија, а во март годинава, лекарите испитале дека туморот се намалил за 5% во однос на неговата првична големина, кога бил откриен.


- Оваа година беше целосен вртлог, но знам дека морам да продолжам понатаму - за себе и за моите ќерки. Морам да останам оптимист. Можев да умрам, но јас сум тука. Сакам да им кажам на другите кои можеби минуваат низ истото нешто како мене дека можат да го преживеат сето ова. Се сеќавам дека сите вести што ги прочитав секогаш беа толку негативни и црни, но може да излезете како победници, и да бидете силни како и секогаш - истакнува овој храбар пациент.


Извор: telegraf.rs

Фото: Фејсбук

Тироидната жлезда и расположението: Каков е нивниот однос?