Мислевте дека Дамиано не може повторно да изненади? Новите разголени фотографии ќе ви го разубават денот

Добивај вести на Viber

Пејачот на групата „Манескин“ објави две фотографии и откри како го прославува крајот на турнејата.

Италијанскиот пејач и фронтмен на групата „Манескин“, Дамијано Дејвид не престанува да ја интригира светската јавност откако победи на Евровизија 2021 година со својата група и песната „Zitti e buoni“.

Тогаш пошироката јавност дозна за овој рок бенд, а Дамијано како пејач се истакна не само со гласот и харизмата, туку и со својот атрактивен изглед.

Тој брзо стана миленик на Европејките и често беше познат по тоа што ги воодушевува со разголени фотографии на социјалните мрежи.

Така, во морето од провокативни фотографии, младиот пејач минатата година го прослави Божиќ целосно гол, држејќи го мачорот Лего во раце и носејќи капа од Дедо Мраз.

Неодамна Дамијано Дејвид реши повторно да ги израдува своите верни следбеници, но и да го прослави успешното завршување на турнејата.

- Турнејата заврши и тоа значи дека цел ден гол ќе пушам џоинт - напиша Дамијано под фотографиите на кои е целосно гол и пуши џоинт.

Интимните делови од телото ги покри со емотикон за срце.

„Ова е уметност“, „Ве следи помлада публика, мора да бидете одговорни и да не давате такви примери“, „Ужас како се однесуваат идолите на нашите деца“, се само дел од коментарите под фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)