Млада жена на словенечки дипломат почина по вакцинирањето: Во Белгија е започната истрага

Жената на дипломатот имала нешто помалку од 40 години...

Словенечкиот институт за јавно здравје во соработка со белгиските здравствени власти ја истражува трагичната смрт на младата сопруга на словенечки дипломат во Брисел, која по вакцинирањето доживеа венска тромбоза и почина од мозочен удар во болница, откако беше во критична состојба состојба неколку дена.

Жената, која е „под 40 години“ била вакцинирана пред десетина дена со вакцината против ковид-19 од Џонсон и Џонсон, која се дава во единечна доза, а првите тешкотии ги почувствувала по неколку дена.

Според Словенска телевизија, таа прво имала главоболка и отечена нога, а на лекарски преглед и дијагностицирале длабока венска тромбоза и и дале одредена терапија, но после тоа во ноќните часови имала мозочен удар и по неколку дена поминати во болница во критична состојба, починала.

Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) покрена постапка за да утврди дали компликациите и последователната смрт се каузално поврзани со вакцинацијата или можните негативни несакани ефекти на вакцината. Ова сега го истражува стручна комисија при Министерството за здравство, во која посочуваат дека сите информации што ќе ги добијат од белгиските здравствени власти ќе бидат важни за проценка на случајот.

Џонсон и Џонсон, како и АстраЗенека, е векторска вакцина, за која е откриено дека предизвикува згрутчување на крвта во исклучително ретки случаи.

Ова е потврдено и од Европската агенција за лекови (ЕМА), која продолжува да ги следи ваквите случаи.

ЕМА објави пред еден месец дека билансот на корист-ризик од вакцината Џондон и Џонсон останува позитивен, иако постои можна поврзаност со многу ретки случаи на невообичаени згрутчувања на крвта придружени со низок број на тромбоцити по вакцинацијата.

Извор: Индекс.хр, Хина