Млекара Здравје: И понатаму остануваме една од водечките компании во Македонија

Добивај вести на Viber

Поттикнати од информациите во некои од медиумите во врска со работењето на нашата компанија, би сакале да ја информираме јавноста, нашите верни потрошувачи и соработници, дека Млекара Здравје останува еден од лидерите во млечната индустрија на домашниот пазар, со сериозни активности насочени кон пласман на асортиманот и на меѓународниот пазар, соопштија денеска од компанијата.

Оттаму велат дека работењето на компанијата е беспрекорно, завршени се инвестициите во новата фабрика во Битола со што бил унапреден и производствениот процес, а со тоа и квалитетот на самите производи. 

„Компанијата има амбициозни планови за во иднина, а императив и понатаму ќе остане понудата на квалитетни млечни производи на пазарот. Децениската традиција и искуство заедно со професионалниот тим на Млекара Здравје, е добитна формула која и понатаму ќе носи значајни признанија за брендот, кој веќе има добиено исклучително важни сертификати од надлежните домашни и меѓународни институции. Довербата од потрошувачите и понатаму ќе остане финална и најважна потврда за успехот на работењето на Млекара Здравје. Сакаме да изразиме голема благодарност на поддршката која секојдневно ја добиваме од нашите верни потрошувачи и соработници. Сигурни сме дека овие предизвици компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време, велат од Млекара Здравје.