Модел на фустан кој ќе ја обележи есенската и зимска сезона (ФОТО)
Време е да набавите еден ваков модел
Овој модел на фустан ќе биде голем хит. Ќе ве стопли за време на ветровитите денови, а во исто време ќе бидете брилијантно стилизирани. Идеален модел за порелаксирани опции и оние денови кога сакате да изгледате лежерно, но и тренди.
Преголемиот џемпер фустан е одличен начин да вклучите парче кое зрачи со удобност во вашата гардероба.
Пократкиот, подолгот или миди моделот на овој фустан, кој и да го одберете, нема да погрешите.
Моделот со ролка ќе го истакне вашето лице. Ако ја врзете косата со овој стајлинг, ќе изгледате како вистинска трендсетерка.
Нема грешка со моделот во црно. Одличен избор за оние кои сакаат класици и сигурни варијанти.
Многу едноставно, а сепак многу ефикасно. Белиот џемпер фустан ќе изгледа одлично на сите.
Пократкиот модел на овој фустан може да биде одличен избор за ноќно излегување. Додадете сако преку фустанот и подготвени сте за незаборавно време.
фото: Пинтрест