Моден двобој: Кралицата Летиција и Меган Маркл во исто кожено здолниште

Добивај вести на Viber

Кралицата Летиција и Меган Маркл носеа исто црвено здолниште, но на која ѝ стои подобро?

Шпанската кралица Летиција моментално е во посета на Германија, а за својот изглед во Франкфурт облекла здолниште од бордо кожа со длабок струк, кое го спои со јакна во иста боја. 

Ова издание потсети на стилот на Меган Маркл, а токму истото здолниште го носеше и војвотката од Сасекс пред три години. 

Кралицата Летиција многупати до сега го носела бордо здолништето на модниот бренд Hugo Boss кое чини 420 евра, а го комбинирала со соодветни чевли и бордо кожна јакна. Истото здолниште го носеше војвотката од Сасекс во 2019 година на дискусијата на The Commonwealth Trust за родовата еднаквост.

Сепак, кралицата Летиција беше првата кралска дама што беше видена облечена во ова здолниште - првично го носеше за време на посетата на Јужна Кореја претходно истата година. 

За разлика од Летиција, Меган своето здолниште Hugo Boss го спои со џемпер со V-деколте, без јакна. Ова здолниште на одличен начин ја истакна нејзината совршена фигура, а целата комбинација ја заокружи со чевли во бојата на џемперот. 

Меган Маркл дефинитивно изгледаше попредизвикувачки во оваа комбинација, а за тоа придонесе и малку подлабокиот V-израз.


Фото: Профимедиа