Моден двобој: Виолетов и удобен- најубавиот зимски капут во режија на Миа Костова и Ана Ивановиќ

Добивај вести на Viber

Некогаш најдобрата тенисерка на светот, Ана Ивановиќ е непогрешлива кога се во прашање модните комбинации. Како што се приближува католичкиот Божиќ, низ Германија и Австрија сите улици се украсени, а на речиси секој поголем плоштад се поставени божиќни пазари за да уживаат сите посетители.

Еден од нив посети и Ана Ивановиќ, која за таа прилика избра одличен аутфит.

Ана знае и дека слоевитото облекување во зима е клучно. Затоа, поранешната тенисерка реши студениот зимски ден да го помине уживајќи на божиќниот пазар во Минхен во удобна, но топла комбинација.

View this post on Instagram

A post shared by (@anaivanovic)


Над  едноставната дневна комбинација, Ана облече прекрасен виолетов капут со дворедно закопчување, совршено парче за вашата комбинација да биде извонредна.

Во многу сличен капут, неодамна ја видовме и инфлуенсерката Миа Костова, која го зачини својот црн моден избор со ова неодоливо парче.

View this post on Instagram

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)