Моден двобој: Зорица Заева во бело, Елизабета Ѓоргиевска во црно- Која има поубава креација?

Добивај вести на Viber

По повод одбележување на 30 години независност на државата, пред неколку денови се одржа EXPO.30, настан во организација на Боттега Евенти и поддржан од страна на Владата на РС Македонија. Во фокусот беше  македонската мода претставена преку премиерна проекција на документарен филм кој нуди ретроспектива на македонската мода во првите 30 години независност и преку модни ревии на 10 македонски модни дизајнери, одбрани претставници од трите декади и групна модна ревија на три факултети за моден дизајн.

На настанот присувствуваа голем број љубители на модата, меѓу кои и Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев и Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на земјава, сопруга на претседателот Стево Пендаровски.

Заева беше облечена во елегантна креација во бела боја, односно панталони и кошула кои ѝ стојат одлично затоа што се гледа дека е видно ослабена. Нежна шминка и природна фризура. Фотографирана е со својот стилист Драган Гоцев-Даци.

Ѓоргиевска се одлучи за крација во црно, односно фустан кој е надополнет со појас и всушност целиот аскцент е ставен на тој дел. Фотографирана е со пријатели.


Фото: Фб. профил- Bottega Eventi/ Фб. профил- Зорица Заева /Фб. профил- Елизабета Ѓоргиевска

Р.Ж.М.