Модни трендови кои се штетни за вашето здравје
Мислите дека модните парчиња влијаат само на вашиот буџет? Се лажете. Иако следењето на модните трендови може да биде забавно, некои треба да ги избегнувате, ако ви е важно здравјето.
Жените во Европа во минатото носеле корсети кои биле толку тесни што не можеле да дишат, а често се случувало да паѓаат во несвест.
И ден денес жените се подготвени да го жртвуваат своето здравје за да се привлечни.
Тешки обетки
Тешките обетки ги оптеретуваат ушите. Трудете се да ги избегнувате, а ако ги прашате мажите тие сигурно ќе ви кажат дека би се определиле за мали и елегантни обетки.
Тесни фармерки
Тесните фармерки вршат притисок на интимниот дел и на тој начин може да предизвикаат различни проблеми, од пецкање и болка во тој дел, до проблеми со бешиката.
Долна облека
Ако долната облека не е произведена од квалитетен материјал, како што е памукот, тогаш постои ризик да добиете инфекција. Секогаш кога купувате долна облека проверете од каков материјал е направена.
Високи потпетици
Колку е повисока штиклата, толку е поголема болката бидејќи го попречува балансот на стапалата, па тежината паѓа на предниот дел на нозете. Долготрајното носење на високите потпетици може да има серизони последици.
Корсети
Корсетите го отежнуваат дишењето, но може да предизвикаат и оштетување на ребрата. Тие не се за секојдневна употреба и најдобро е да ги носите еднаш годишно.