Новак во прегратка со најубавата Србинка: Нема подобро чувство да го сретнеш идолот (ФОТО)

Ѓоковиќ се врати во Србија, откако помина неколку недели во Црна Гора на одмор

Новак Ѓоковиќ се врати во Белград. По неколку недели поминати во Црна Гора на одмор, по освојувањето на Вимблдон, Ноле се врати во родната земја.

И веднаш имаше интересна средба, која се одржа во тенискиот центар „Новак“, каде беше официјално најубавата Србинка, актуелната мис на Србија - Ања Радиќ, која ќе ја претставува Србија во борбата за Мис на светот во декември оваа година.

Таа гордо сподели фотографија со Новак на својот Инстаграм, порачувајќи дека тој е нејзин идол и најдобар во историјата на тенисот.

- Повисоката енергија секогаш победува. Има ли поубаво чувство од тоа кога во еден ден ќе го запознаете вашиот идол и ќе имате можност да го гледате најдоброто во историјата на тенисот – Новак Ѓоковиќ – напиша Ања на нивната заедничка фотографија.



Повеќе фотографии од убавицата:

View this post on Instagram

A post shared by MISS WORLD SERBIA 2022 (@anjaaa.r)




View this post on Instagram

A post shared by MISS WORLD SERBIA 2022 (@anjaaa.r)


View this post on Instagram

A post shared by MISS WORLD SERBIA 2022 (@anjaaa.r)


Извор: telegraf.rs