Ѓоковиќ меѓу сопругата и мајката: Сцена од Црна Гора откри сè за односот помеѓу Новак, Јелена и Дијана

По освојувањето на трофејот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ужива во драгоцените моменти со семејството

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ секогаш кога има слободно време ја посетува Црна Гора, па по краткиот престој во Белград и Босна и Херцеговина, каде што беше по освојувањето на Вимблдон, замина на море.

Неговото семејство му прави друштво и сите заедно присуствуваа на концертот на Дино Мерлин. Новак уживаше во хитовите на познатиот пејач со сопругата Јелена, мајката Дијана и браќата Марко и Ѓорѓе, а по тој повод беа направени неколку фотографии за спомен. Новак насмеан позираше со браќата, а потоа и со сопругата и мајката, а емотивната сцена привлече големо внимание.

View this post on Instagram

A post shared by  (@novak.djokovic88)


Интересно е и тоа што сите од семејството Ѓоковиќ за оваа пригода избраа бел стајлинг, па Новак, Марко и Ѓорѓе носеа бели кошули, додека Јелена и Дијана се одлучија за бели фустани со цветен принт.


Ден по концертот Јелена и Новак уживале во активностите на плажа со своите деца, а тенисерот ги научил синот Стефан и ќерката Тара да пливаат и нуркаат.

Друштво на одмор им прави бизнисменот Југослав Кариќ, кој е нивен долгогодишен пријател, а Ѓоковиќ престојуваат во неговата вила во градот Љута.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs