Мојата поранешна сопруга беше патолошки лажго: Македонецот Дарко Влогс низ солзи раскажува за борбата со анксиозност

Македонецот Дарко Влогс Јефремов стана познат по неговите хумористични видеа кои ги споделува на својот Инстаграм профил каде го следат над 132.000 луѓе. Израснат во Скопје, студирал во Битола, долги години работел на брод, а веќе неколку години живее во САД каде работи како камионџија, и секојдневно ги споделува неговите авантури на Инстаграм.

Но иако секогаш го гледаме позитивен и насмеан и неговиот профил служи за забава, не било се така лесно во неговиот живот, а сега тој одлучи да се отвори за борбата со анксиозноста и низ солзи раскажа како кај него се појавила оваа состојба и како успеал постепено да ја надминува или барем да ја ублажи.

Имено, како што раскажува Дарко, анксиозноста кај него се појавува кога отишол да живее во САД со неговата тогашна сопруга која ја запознал на брод на кој работеле заедно. Таа го убедила да живеат во САД, но тогаш тој сфатил дека таа е патолошки лажго. Таму живееле со нејзиното семејство, околу 12-мина луѓе во една куќа. Тоа траело два месеци бидејќи и тој и нејзиното семејство сфатиле каква е таа и ја избркале од дома, па тој раскажува дека буквално се соочувал со тепање, бркање со ножеви.
Отежителна околност било тоа што околу него немал никој друг близок, за да му помогне, па тогаш всушност кај него почнала борбата со анксиозност - кога не знаел што да прави со животот, да се врати во Македонија или да продолжи да се бори таму...
Понатаму тој раскажува што нему најмногу му помогнало во тој период и додека да „застане на нозе“, сепак и ден денес последици од анксиозноста тој има, но најголемо благодарам, Дарко низ солзи упати до неговата сопруга Даниела (Бебо), со која тој се ожени минатата година.


„Се надевам со ова видео ќе ме разберете моите и сите мои другари со кои не правам муабет, ова е последица од оваа состојба и многу ми е полесно јавно да кажам низ што поминувам“ - рече за крај, низ солзи Дарко, и сподели дел од искуствата на неговите следбеници, кои често знаат да ги споделат со него на Инстаграм.