„Мојата венчаница е моја среќа“: Брена кажа зошто не и го дава невестинскиот фустан на Александра
Музичката легенда Лепа Брена за дел од српските медиуми вели дека нема никаква работа околу организацијата на венчавката на нејзииот син Филип (кому му е маќеа), но тука е да помогне, доколку треба нејзината помош.
Свдбата на пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ која сигурно ќе биде свадба на годината , веќе го привлече вниманието на сите медиуми а сега и Лепа Брена проговори за нејзините детали.
Кога медиумите ја запрашаа идната снаа на Брена дали ќе ја носи венчаницата со потписот на „Диор“ стара цели 27 години, која Брена ја носеше на својата венчавка-се насмеала и рекла дека со Брена ќе зборува на таа тема.
Меѓутоа, Брена на истото прашање дала многу јасен одговор - дека Александра сигурно нема да ја носи нејзината венчаница, а за овој одговор ги кажала и причините кои ќе ве насмеат.
„Мојата венчаница е моја среќа“ , рекла Брена.
Foto: ATA images