МОЌНА,СТУДЕНА АРКТИЧКА БОМБА ДОАЃА ВЕЧЕРВА! Еве до кога ќе трае!

Под влијание на циклонска активност од запад и на влажна и нестабилна воздушна маса, утре на многу места низ Македонија ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН југозападен ветер. Локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, а можна е и локална појава на суградица и град.

Во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон вторник и тоа поради спуштање на СТУДЕНА воздушна маса од север, очекуваме НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег на повисоките места и на планините (се очекува формирање на снежна покривка од 5 до 10 цм, на високите планини истата ќе биде и поголема), објави метеорологот, Славчо Попоски.

Во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник локално и слабо провејување на снег е можно понекаде и на пониските места (градовите). 


Деталите читајте ги на Фактор тука.