И Меланија Трамп би ѝ рекла „браво": Првата дама, Елизабета покажа што е модна доминација на церемонијата по повод официјална посета на полскиот претседател

Првата дама, Елизабета, го придружуваше претседателот Пендаровски на дочекот на полскиот претседател и неговата сопруга.

За церемонијата со највисоки државни и воени почести по повод нивната официјална посета на Северна Македонија, нашата прва дама дефинитивно го направила најдобриот моден избор кој можевме да го замислиме. 
Моделот на фустан кој го носи, многумина веќе го споредија со фустаните што ги носеше поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, особено за оној модел кој Меланија Трамп го носеше на инаугурацијата на нејзиниот сопруг, а потоа сличен таков модел носеше и поранешната претседателка на Хрватска Колинда.

Сличноста со фустанот на Елизабета Ѓорѓиевска би рекле дека е е во горниот дел на фустаните.

Бојата на фустанот исто така крие симболика која се поврзува со моќта и самодовербата на жената.


фотографии:Официјален Фејсбук профил на Стево Пендаровски