Гоце од Делчево почина од ковид компликации во Германија: Неговите блиски собираат средства за транспорт на телото
Најблиските на Гоце Јанѓеловски, младиот човек од Делчево, кој пред неколку дена поради компликации од вирусот почина во градот Бруксал во Германија, каде живееше во последните две години со неговата сопруга, молат за помош за транспорт на телото до Македонија.
– Знаејќи дека трошоците околку транспортот до неговото родно место каде живее неговата фамилија се огромни, Ве известуваме дека во недела после завршувањето на богослужбата во храмот “Свети Никола” – Мајнц, ќе биде организирано собирање на финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош околку транспортот до Македонија на прерано починатиот брат Гоце. Бог да го упокои во место светло каде што нема болка, тага или воздишка, а на семејството да им дарува утеха, сила и поткрепа, објавено е на Фејсбук профилот Sveti Nikola-Mainz.
На социјалните мрежи се огласи и македонскиот иселеник Бошко Васев, кој исто апелираше за хуманост и помош.
– Ве замолувам сите од се срце во овој тежок момент исполнет со бескрајна тага и голема болка да и помогнеме на сопругата Дијана која нема скоро никој свој тука освен сите нас, се надевам во овој тежок момент и апелирам до вашите хумани срца за помош. Секоја мала помош е огромна помош за Дијана. Поради ситуацијата е наједноставно помошта да ја донирате на сметка. Помагајте добри луѓе, порача Васев.
Под објавата стои и сметката за сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат телото на Гоце да се донесе во Македонија
ЈАНЕ ЈАНЃЕЛОВСКИ
Комерцијална Банка
Број на Сметка: 300057073987370