Монако ангажира македонски експерти ?

Добивај вести на Viber

Аријана Коскарова која оваа година се најде на листата на Форбес под 30, за најуспешни претприемачи со моделот на иновативен едукативен центар Creative Hub, на покана на Интернационалниот Универзитет од Монако оваа година ќе биде дел од тимот на акредитација на програмите.

Само за споредба во Македонија комисијата за акредитација од лани е поделена на две, одбор за акредитација и евалуација, но не вклучува експерти од неформалното образование.

Во разговор со Аријана Коскарова се обидовме да истражиме која е идејата позади вклучување на македонски експерти во акредитација на дипломи од формалното образование во Монако. Зарем нема Монако доволно експерти?  

“Неформалното образование зазема голем удел во едукацијата на кадарот поради брзата промена на програмите, можностите за учење според потребите на студентите, вклучувањето на експерти кои имаат голема пракса, програмите за пракса што ги воведуваме. Во Монако го препознаа значењето од неформална едукација и не поканија да бидеме дел од комисијата за акредитација на програмите. Воедно јас и магистрирав на Интернационалниот Универзитет во Монако во 2017 па имав и можност да бидам дел  и одблизу од нивниот систем на едукација. Во јуни 2019 пред 2000 луѓе во Форумот Грималди ми доделија и награда за алумни со особен придонес во општеството што се должи токму на концептот на едукација на Creative Hub кој го препозна и магазинот Форбес. Драго ми е што ќе имам можност да бидам дел од нивната комисија и за мене е огромен предизвик да дадам придонес во едукативните програми на Монако. ” ни одговори Аријана Коскарова.

Дали Македонија ќе го следи примерот и во иднина ќе ангажира и експерти од неформалното образование останува да следиме.

 

Аријана Коскарова