Моника Белучи конечно ја потврди врската со славниот режисер (64): Фаталната Италијанка прозборе за новата љубов

Добивај вести на Viber

ФОТО: принтскрин јутјуб пејџ сикс

Моника Белучи и Тим Бартон ја криеја својата врска со месеци. Познатата италијанска актерка за прв пат проговори за романсаta и со тоа ја потврди својата нова љубов. Партнерот не можеше да го опише со подобри и поубави зборови. Нивната врска изненади многумина, но како што изгледа работата е многу сериозна.

„Она што можам да го кажам... Мило ми е што запознав човек, пред се. Тоа е еден од оние состаноци што ретко се случуваат во животот... Го познавам човекот, го сакам, а сега ќе одам да го запознаам како режисер, започнува уште една авантура“, изјавила Моника Белучи (58) за Тим Бартон (64) за Elle France.

Моника во последно време е зафатена со улога во филмот „Beetlejuice 2“ на Тим Бартон во Лондон.

„Го сакам Тим. И многу го почитувам Тим Бартон“, рече таа, а потоа продолжи за неговата работа: „Го сакам овој свет на соништата каде чудовиштата се љубезни, како да можеме да ги претвориме нашите темни аспекти во нешто светло, кое простува. Филмовите на Тим Бартон зборуваат многу за тоа“.


Моника и Тим првпат се запознале пред 16 години, но се вели дека почнале да се забавуваат по средбата на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври. Веста за нивната романса се појави во февруари, кога Paris Match напиша дека парот „накратко се запознал на скалите на Фестивалот во Кан во 2006 година, но 16 години подоцна, зад сцената на друг фестивал, се зближиле“.

Моника Белучи, која беше почесен гостин на фестивалот, на Тим му ја врачи наградата за животно дело Lumiere на сцената околу времето кога беше објавена нивната врска.

„Никогаш во целиот мој живот не сум почувствувал толку љубов како вечерва. Добре дојдовте на најдобрата забава на која сум бил“, изјави тогаш Бартон.

Двајцата беа видени и како одат на проекцијата на Silent Documentary Film во режија на покојниот француски режисер Луј Лумиер од 1895 година. Во февруари тие споделија страстен бакнеж додека шетаа на Денот на вљубените.

Моника Белучи се разведе од уметникот Нколас Лефевр во 2019 година. Таа беше во брак од 1997 до 2013 година со актерот Винсент Касел со кој ги има ќерките Дева и Леони.