Моника Белучи ѝ кумуваше на позната новинарка, а сите гледаа како се облекла за свадбата: За многумина ова е неприфатливо
Италијанската актерка Моника Белучи пред пет дена гостуваше на гала свадба во Италија како кума на невестата. Нејзиното доаѓање не можеше да помине незабележано, а еве какво модно издание избра за еден многу важен ден.
Се венчаа познатиот италијански голман Џанлуиџи Буфон и познатата италијанска новинарка Иларија Д'Амико, чија кума е Моника Белучи. Прекрасна церемонија како и прослава на плажа беше организирана во градот Луќа. Имаше околу 150 гости. На ова место младенците го поминуваат својот годишен одмор, а на венчавката поддршка добиле од неговите два сина од претходната врска и нејзиниот син кој ја следел до олтарот.
„Благодарение на тебе, Иларија, ја запознав вистинската љубов. Не верував дека постои“, и рекол Буфон, а потоа се случил и првиот брачен бакнеж, кој на мрежата Х е опишан како многу чуден.
Congratulations to Gigi Buffon who married his long time partner, Ilaria D'Amico pic.twitter.com/3w1dNMMEyY
— Italian Football News (@footitalia1) September 28, 2024
Камерата во тој момент ја „уловила“ и Моника Белучи која блескала од среќа по својата кума. Познатата Италијанка на венчавката се појави во својот препознатлив стил, класичен црн костум во комбинација со бела кошула. А нејзиниот партнер Тим Бартон не го промени модниот правец. Стајлингот на Моника беше елегантен и одмерен, некој ќе каже дека се трудела да не ја засени невестата, иако тоа е нејзин вообичаен начин.
Од друга страна, на некои ќе им пречи што на свадбата носела црно, без разлика што и е омилена боја. Црната боја е синоним за елеганција, а освен тоа, многумина ја сметаат за несоодветна за прослави, особено кога ќе се најдете во улога на кума. Дали и вие го мислите истото?
Треба да се напомене и дека Моника Белучи, на која Бартон и Винсент Касел и го честитаа 60-тиот роденден, се облече за венчавката како и за секоја друга прилика, кога е пред камерите.
На свадбата беше и заедничкиот син на младенците кои се во врска од 2015 година. Иларија е шест години постара од Буфон, што секако не беше пречка за љубовта.
Како го коментирате стајлингот на Моника Белучи како кум на свадбата?
foto: instagram