Моника имала 300 килограми кога сфатила дека е бремена-сега изгледа вака (ФОТО)

„Тој веќе ми помага кога треба да станам од столот или креветот, бидејќи не можам самa“

Моника Рајли (27) од Тексас работела како модел на сајтот „Дебели и убави жени“, а нејзината најголема желба била да се здебели толку многу да не може да се движи!

За да го постигне тоа, оваа Американка внесувала дури 8.000 калории дневно, а тежела преку 300 килограми. Нејзината храна ја подготвувало нејзиното момче Фидер Сид, кој ја хранел Моника преку левата страна.



- Веќе ми помага кога треба да станам од фотелја или кревет, бидејќи не можам сама. Кога ќе се прејадам за вечера и ќе легнам, тој мора да ме тркала бидејќи не можам да се мрднам од стомакот - изјавила тогаш Рајли.

Бизарната амбиција на Моника да достигне 450 килограми и да стане неподвижна ја прекина бременоста па се трудела да изгуби што повеќе килограми за да биде здрава за своето бебе.

Ослабела дури 90 килограми за десет недели!



- Прифатив дека моите навики во исхраната се страшни. Штом дознав дека сум бремена, знаев дека ќе треба да сменам сè. Почнав да внимавам што јадам, да вежбам и да се грижам за своето тело – гордо рекла Моника.

Foto: Twitter printscreen/Narcis