Морнарските пруги се тотален хит и во зимските денови: 5 ненадминати модни комбинации

Добивај вести на Viber

Додека била на брегот на Франција, уште во 1990-тите, легендарната Коко Шанел дошла на идеја да ја направи наједноставната верзија на маица со пругаст дезен.

Инспирацијата ја нашла кај локалните рибари, а по морнарската маичка, пругите се префрлени на панталони, фустани, шалови, чевли и чанти.

Велат дека нема лето без морнарски стил, и обично фустаните со пругаст дезен се омилено летно парче облека на многу жени. 

Сепак, облеката со овој принт лесно се вклопува и со парчиња за студените зимски месеци.

Ова се дел од ненадминатите комбинации кои мора да ги испробате: 

1. Во комбинација со црни и едноставни парчиња


Љубителите на пругите, но и црната боја, овој дизајн ќе можат да го вклопат со едноставни парчиња. 

2. За секој ден


Со беж капут, сите пруги изгледаат класично и елегантно. 

3. Како моден детаљ


Не мора ни да го носите секое парче, џемперот во оваа комбинација има улога на моден детаљ. Облечен преку капут изгледа необично, но доста ефективно.

4. За кежуал варијанти на работа


Оваа варијанта е одлична за деловни варијанти, во исто време лежерна.

5. Тенок џемпер за сончеви зимски денови


Фармерките со висок струк одлично се вклопуваат со овој тип на тенок џемпер. 


Извор: telegraf.rs

Насловна фото: Принтскрин Instagram @caaronlina