Можат ли платнените маски да не заштитат од новиот Британски сој на коронавирус?
Поради стравот од
таканаречениот британски вид, во некои земји е воведено правило дека секој
треба да носи маски FFP2
Светската здравствена организација (СЗО) испрати јасна порака дека маските од палтно се подеднакво ефикасни во заштитата и со новиот вид коронавирус.
- Нехируршките маски, маски од платно можат да ги користат сите лица помлади од 60 години кои немаат никакви здравствени проблеми - рече Марија ван Керков, епидемиолог од СЗО, и додаде дека: - Дури и со нови видови на коронавируси кои се повеќе заразни, немаме индикации дека начинот на пренесување е променет.
Таа препорачува медицинските маски да ги носат сите здравствени работници, луѓе кои не се чувствуваат добро и чекаат резултати од тестовите за вирусот ковид-19 или веќе имаат позитивни резултати, како и луѓе кои се грижат за некој кој е сомнителен на оваа вирусна инфекција.
Исто така, медицинските маски, според Ван Креков, треба да ги носат лица постари од 60 години, особено ако имаат хронично заболување што ги прави поранливи на инфекции и да спречат поголем ризик од сериозни болести.
Сепак, таа потсетува дека секоја маска од платно треба да биде трослојна со цел заштитата да биде соодветна.
Плашејќи се од ширење на новиот вид на коронавирус кој е позаразен, Австрија и Германија неодамна воведоа задолжително носење маски FFP2, бидејќи тие се ефикасни повеќе од 90 проценти.
- Од досега собраните податоци од земјите каде што е регистриран нов вид на коронавирус, нема промена во начините на пренесување. Ако добиеме различни информации, дефинитивно ќе ја ревидираме препораката за маски. Секоја земја има право да донесе одлука за маски на начин што и одговара - заклучи Марија ван Креков.
Можеби ќе ве интересира:
Новиот сој на корона вирус некое време циркулира низ Србија: Д-р Глигиќ за опасноста од променетиот вирусДецата најпогодени: Ковид-19 со нов здравствен проблем - карантинска кратковидост