Може ли коронавирусот да се пренесе преку интимни односи: Образложува д-р Предраг Кон
ФОТО: ОЛИВЕР БУНИК / РАС СРБИЈА
Може ли Ковид 19 да се пренесе преку интимни односи е едно од прашањата што честопати се поставува за овој нов вид на вирус.
Гостин во емисија, на ТВ Пинк, д-р Предраг Кон, епидемиолог, меѓу другото одговори, дали короната се пренесува преку сексуален контакт:
„По сексуален пат, короната не се пренесува и крај на приказната“, рече Кон, а потоа го изрази своето мислење за математички модели, односно дали сценариото на една земја заразена со корона, може да се пренесе во друга држава.
"Што се однесува до математичките модели, во принцип јас не верувам во нив. Математичкиот модел е нешто што е направено и зависи од тоа како ги вметнувате податоците.
Oдредени параметри треба да бидат пополнети правилно и ако се пополнети правилно, тогаш добивате одреден резултат. Секое општество е динамично, тоа не се случува секаде исто. Српското сценарио е српско сценарио, италијанското сценарио е италијанското сценарио, американското сценарио е американско. Зошто се различни? Зато што американскиот модел не може да се примени во Србија, едноставно не може“ -вели д-р Кон.