Може сте го прележале омикрон, а немате поим: Еве за што се работи

Добивај вести на Viber

Еден симптом покажува дека веројатно сте го надминале омикрон, а не знаете: Еве за што се работи

Многу луѓе го пријавуваат овој проблем по надминување на омикрон!

Видот Омикрон се пренесува најбрзо од сите претходни соеви на ковид, па многу земји ширум светот уриваат црни рекорди во бројот на новозаразени. Симптомите на инфекција со овој вид најмногу потсетуваат на симптомите на класичниот грип, а за среќа клиничката слика е генерално полесна, па има многу асимптоматски случаи. Токму оние луѓе кои немале никакви проблеми не би ни знаеле дека имале омикрон, да не бил еден од симптомите кој најчесто се јавува после инфекција, а тоа е опаѓањето на косата.

„На пример, истражувачки тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Индијана откри дека речиси една третина од 1.500 учесници пријавиле губење на косата како еден од долгорочните симптоми на ковид“, велат од Институтот за трихологија.

Експертите велат дека постојат две главни причини зошто косата опаѓа по Ковид. Првата причина е кога реакцијата на телото на вирусот станува преактивна и предизвикува воспаление, иако лицето веќе требало да се опорави од коронавирусот. Друга причина е стресот, бидејќи е познато дека ковид предизвикува стрес, но се поврзува и со опаѓање на косата.


Фото: unsplash

Извор: жена.блиц

СИТЕ ЌЕ СЕ ЗАРАЗИМЕ СО КОВИД, НО ПОДОБРО Е ПОДОЦНА: Експертите со тврдење-високата заразност му дава огромна шанса на вирусот за нови мутаци