МОЖЕБИ ГО ИМАТЕ ДОМА: Ова е моќен лек, конкурент на најсилните антибиотици
Mаслото од диво оригано e многу здраво и има широка примена. Успешно се бори со бактерии и инфекции. Ги ублажува и менструалните тегоби, помага за проблеми со варењето, а ги намалува и негативните последици од кожните болести. Ова масло помага при респираторните проблеми, има многу витамини и минерали. Маслото од диво оригано е моќен природен антибиотик, конкурент на најсилните конвенционални антибиотици.
Неговото дејство е потврдено со голем број студии ширум целиот свет. Големи се и искуствата и позитивните сведочења и во Македонија. Расте бројот на болни, но и на здрави лица за кои маслото од диво оригано е прв избор при каква било настинка, грип, уринарна или габична инфекција, или, пак, како превенција од истите.
Докажана е неговата употреба при уринарни инфекции, респираторни заболувања, настинка, грип, кашлица, проблеми со синуси, габични заболувања како и кожни исипи, егземи, уртикарии, акни, атлетско стапало, цревни инфекции, болки во зглобовите. Поради неговите позитивни дејства тоа е неисцрпен извор за истражување и правење на многу клинички студии ширум целиот свет, меѓу кои се и неодамнешните Американски истражувања во кои се смета дека неговите активни состојки дејствуваат на уништување на клетките на рак на простатата.
Маслото од диво оригано може да биде придружено и со чај од диво оригано, кој се одликува со пријатна планинска арома и е вистинско уживање во постудените денови.