Moжност за плаќање на рати во Нептун за хонорарци преку ИутеКредит
Ексклузивна можност за брз наменски кредит до 120 000 денари на 36 месечни рати за лица кои се хонорарно вработени
Почнувајќи од месец декември, ИутеКредит и Нептун нудат можност за микрофинансирање до 120 000 денари на 36 месечни рати за лица кои се вработени на одредено време, како:
·Лица кои работат хонорарно, со договор на дело, авторски договор или други договори за извршување на работа со кои физичкото лице остварува приход
·Самовработени лица
·Лицата кои се вработени на одредено време, отсега може да одберат бела техника, компјутери, мобилни телефони и многу други производи во продажните салони на Нептун и истите да ги платат одложено на рати преку ИутеКредит.
Аплицирање и услови
Аплицирањето за плаќање на рати преку ИутеКредит е само неколку минути и директно во продажните салони, кои се застапени во повеќе градови. За аплицирање потребно е лицето да е полнолетно и да е македонски државјанин.
Потребна документација за аплицирање:
·Важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош)
·Извод од банка не постар од 1 месец кој докажува прилив на сметка во последните 3 месеци
·Одобрувањето за кредит се добива веднаш и е во зависност од кредитната способност на лицето кое што аплицира.
По одобрувањето клиентот може веднаш да замине со посакуваниот производ. Затоа, посетете ги продажните салони на Нептун и побарајте плаќање на рати преку ИутеКредит.