Мозочниот удар на 43 години ѝ го уништи животот, поранешниот сопруг ѝ го одзеде детето: Шерон Стоун, жената борец

Добивај вести на Viber

- Цел мој живот беше избришан. М е гледаа како оштетена стока и избегнуваа соработки со мене, изјави актерката за најтешкиот период во нејзиниот живот.

Американската актерка, режисерка и поранешна манекенка Шерон Стоун оваа година го прослави својот 63 - ти роденден.

Родена е во 1958 година во Мидвил, Пенсилванија. Живеела со нејзината мајка, сметководителката Дороти Мери, таткото Џозеф Вилијам, кој работел во локална фабрика, постариот брат Мајкл, помалата сестра Кели и помладиот брат Патрик.

Ја сметале за надарено дете, па така на 5 години таа била второ одделение. Средно училиште завршила во Пенсилванија, во 1975 година, а пооа се запишала на Универзитетот Единборо. За време на студирањето се пријавила на изборот за Мис на округот Крафорд, каде победила. Благодарејќи на тоа учествувала на изборот за Мис на Пенсилванија, каде судиите биле воодушевени од неа и ја советувале да започне кариера на манекенка, за што Шерон ги послушала. Две години подоцна сфатила дека сака да биде актерка, а не модел.

Позната е експлицитните сцена

Кариерата на телевизија ја започнала глумејќи во реклами, по шот се појавила во филмот на Вуди Ален, „Stardust Memories“, како споредна улога. Една година подоцна, следувала првата улога во хорор филмот „Deadly Blessing“. Сепак, големата популарност ја добила глумејќи во филмот „Total Recall“ во 1990 година, пишува biografija.org.

Во 1995 година, актерката добила своја ѕвезда на Булерот на познатите, а во 2005 година е именувана за „Офицер за уметности и писма“ во Франција.

Многу актерки одбиле бројни улоги поради експлицитните сцени, а токму ваквите улоги ја направија ѕвезда Шерон и ѝ го донесоа статусот секс симбол. Глумела во повече од 100 филмски и телевизиски остварувања, заработила милиони долари и освоила многу престижни награди и уште повеќе номинации, поточно има освоено 10 награди и 41 номинација, вклучувајќи ги и Еми наградите, Златниот глобус и две МТВ филмски награди.

Ја имало на насловниците страници на скоро 300 магазини, а во 1986 година се фотографираше гола за магазинот „Вог“, повторувајќи го тоа и четири години подоцна, за да го промовира филмот „Total Recall“. Гола позираше и пред фотографите на магазинот „Плејбој“.

Во 1992 година, магазинот „Пипл“ ја вброи на листата 50 -те најубави луѓе на светот, а магазинот „Емпајр“ во 1995 година во 100 - те најсекси ѕвезди на филмската историја. Две години подоцна, вброена и во листата топ 100 филмски ѕвезди на сите времиња. За неа се снимени четири документарни филмови и напишани се неколку биографии.

Мозочен удар на 43 години

Во 2001 година, Шерон доживеа силен мозочен удар, по кој долго се опоравуваше. Подоцна за медиумите откри дека морала повторно да учи основните работи, како говорење, одење и пишување. Овој настан значително влијаеше на нејзината кариера, бидејќи во Холивуд била практично отпишана.

„Цел мој живот беше избришан. Ме гледаа како оштетена стока и избегнуваа соработки со мене“ - кажа актерката, која тогаш се повлече од глумата и се посвети на одгледувањето на децата, опоравувањето од мозочниот удар и разводот од новинарот Фил Бронштејн, со кој тогаш беше шест години во брак, од кој добија син.

Старателството над детето судот го додели на таткото, а актерката доби право само на повремени посети на детето. Една година подоцна посвои еден син, а подоцна уште два.

Пред Бронштејн, Шерон три години беше со продуцентот Мајкл Хринбург, на кој вереничкиот прстен му го врати по брза пошта.

Хуманитарна работа

Шерон Стоун е една од познатите личности кои се борат за мир во целиот свет. Поради својата посветеност доби Нобелова награда за мир, а во 2013 година и награда на Самитот за мир за работата со луѓе заболени од СИДА. Шерон собираше средства за изградба на 28 училишта низ Африка.

Извор: Stil.kurir.rs / Biografija.org

фото: Profimedia