Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „DeadPool 2„, чија премиера ќе биде на 17 мај во Cineplexx Скопје.
Од режисерот Дејвид Лич според сценарио на Рет Рис, Пол Верник и ѕвездата на филмот лично, Рајан Рејнолдс, ни доаѓа единаесеттиот дел во серијата X-Men и продолжение на Deadpool филмот од 2016. Во улогата на омилениот Марвелов антихерој, мрчаторот без влакна на јазикот, Рајан Рејнолдс се враќа со интересна екипа како Џош Бролин, Морена Бакарин, Џулијан Денисон и многу други со кои Дедпул ја креира X-Force екипата за да спаси млад мутант од негативецот Cable.
А содржината, на некој начин е: откако преживува скоро смртоносен напад, еден повреден работник во кафуле, се труди да го остави својот сон и да стане најзгодниот шанкер во Мејбери, а истовремено мора да научи да живее без сетилото за вкус.
Обидувајќи се да си го среди животот, во потрага по флукс кондензаторот, тој мора да се бори против нинџите, јакуза и чопор од сексуално агресивни кучиња, патувајќи по светот и откривајќи ја важноста на семејството, пријателите и вкусот. Тоа што ќе го најде е трошка авантура и нешто за што копнеел, чаша за кафе со натпис „Најдобриот љубовник на светот“.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Дедпул2„ и за проектот велат дека работеле на него од декември минатата година до април. „ На овој проект учествуваа над 70 артисти, и специфичниот анти-херој хумор на Дедпул е она што е атрактивно на фановите, затоа во кино ќе одиме да се изнасмееме и за тоа сум сигурен дека нема да бидеме разочарани„, изјави Кристијан Даниловски, ко-основач на ФХ3Х.