Му прости неверство со 17 години помлада девојка: Познатата оскаровка сепак се разведува по долга љубов?

Добивај вести на Viber

Нивното заљубување го опиша како бајка, има две деца со човекот кој го сметаше за маж на нејзиниот живот, беше подготвена да ја преболи аферата... но сѐ уште нема надеж за бракот на познатата актерка .

Израелско-американската актерка Натали Портман (42) и нејзиниот сопруг Бенџамин Милипид (46) се разделија по 11 години брак, пишува „US Weekly“.

Двојката заедно ги има синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6) и веќе некое време се шпекулира дека имаат брачни проблеми по неговата афера.

Се шпекулираше дека актерката одлучила да му прости на својот сопруг за неговото неверство, но потоа беше видена на 4-ти август, на денот на нивната 11-годишнина од брак, без бурма на фудбалски натпревар во Австралија.

– Откако се појави веста за неговата афера, тие се обидоа да поработат на бракот, но моментално не се заедно – изјавил извор близок до парот.


Во јуни во американските медиуми се појавија гласини дека Милипид ја изневерил актерката со Камил Етјен (25), активистка која ја подига свеста за климатските промени. Извор близок до Натали Портман тогаш изјави дека актерката е посветена на нејзиниот брак и покрај гласините.

- Натали верува дека аферата на Бенџамин била кратка и глупава авантура која не му значела ништо - изјави тогаш блиска личност на оскаровката и додаде дека Портман се чувствувала „понижено“.

Сепак, таа беше подготвена да ја обнови нивната врска за нивните деца да не растат во скршено семејство, а за Милипид се вели дека се кае што ја повредил.


Натали Портман и Бенџамин Милипид се запознале додека работеле заедно на филмот „Црниот лебед“ (2010), каде што работел како кореограф.

- Тогаш го запознав мојот сопруг и бев како во земјата на соништата. Ме научи да танцувам. Знаете, тоа е една од оние романтични приказни... Беше многу возбудливо и забавно. Беше убаво. Не знам дали тоа беше љубов на прв поглед. Го запознав и имав чувство - ох, тоа е таа личност - изјави актерката во едно интервју подоцна.

Двојката се венча во 2012-та година во Калифорнија, а потоа некое време живееше во Париз пред да се пресели во Калифорнија.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Фото: youtube printscreen-Access Hollywood