Муабетевме цела вечер како стари другарки: Тања Царовска за Милена Дравиќ
Нашата позната пејачка и авторка со интернационална кариера која живее во Лондон, Тања Царовска со емотивен статус се присети на својот идол Милена Дравиќ.
Таа се запознала со актерката во 2013-та година кога под својата фотографија за средбата напишала „Кога бев дете сметав дека е најубавата жена, после мајка ми, се разбира.“.
Сега пејачката која пееше во филмот „Троја“, се прости со Милена на Фејсбук.
-Лондон 2013. Каква чест ми беше што имав прилика да ја запознаам, да пеам пред неа и да ме седнат до неа на маса за да се дружиме и изнамуабетиме цела вечер како стари другарки од прво видување, зборувајќи за музиката, ролеркоастерот живот уметнички и љубовта.
Никаква помпезност или фама околу себе, мојата идолка од детство, големата актерка да ти била баш како што ја замислував, огромна, богата душа, мудра, отворена, искрена, достапна и толку многу драга.
Нека и е мирен патот до вечноста- напиша Царовска.