Мудра жена или само фигура: Јавните потези на Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Со своите изјави, модни изданија или пак со самото молчење, првата дама на САД, Меланија Трамп, дискретно се спротиставува на својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп. Во периодот кога Трамп беше обвинет за афера со порно актерката Сторми Даниелс, таа само се повлече од јавноста. Кога станува збор за медиумите, особено оние кои се спротивставуваат на политиката на американскиот претседател, таа преку својата портпаролка Стефани Гришам, на јавноста и порача дека на телевизија ќе гледа тоа што сака, па макар и да се тв канали, кои се последни на листата на нејзиниот сопруг..

Најнов пример за дистанцирањето од политиката на Трамп е нејзиниот одговор на критиките, кои тој му ги упати на Леброн Џејмс, чија интелигенција ја исмеја во интервју за СиЕнЕн. Овојпат, повторно преку нејзината портпаролка, таа одговори: „Леброн Џејмс вложува во добри работи за идните генерации“, но и дека во иднина би сакала да го посети неговото училиште за деца под ризик.

Балансот кој Меланија го прави е перфектен. Од една страна ги истакнува своите ставови, а од друга гледа тие да не наштетат на Трамп. Иако првата дама на САД јавно не го напаѓа соругот, сепак левицата во неа гледа „Симбол на отпорот“, жена која не се согласува со непопуларната политика на Доналд Трамп.