Мудри мисли за животот и среќата од познати умови

Добивај вести на Viber

За животот и среќата ви нудиме мудри мисли од познати умови, писатели и лидери 

-Најголемиот освојувач е оној кој знае да победи без борба. – Лао Це

-Човекот кој е душевно богат, и во потполна осаменост одлично се забавува со сопствените мисли. – Артур Шопенхауер

-Две нешта ја исполнуваат мојата душа со восхит: ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене.– Емануел Кант

-Кога би сакале да бидеме само среќни, тоа лесно би го постигнале. Но, ние сакаме да бидеме посреќни од другите а тоа е секогаш потешко, затоа што сметаме дека се посреќни отколку што сè. – Монтескје

-Да подучува без зборови, да извршува без дејствување, тоа е патот на учителот. – Лао Це

-Можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж. – Мартин Лутер Кинг

-Луѓето го сакаат она што е добро или што мислат дека е добро, но обично грешат во проценката што е добро. – Жан Жак Русо

-Во животот како и во шахот, ги забележуваме нашите грешки тогаш кога другите ќе ги користат нив. – Толстој

-Немаме право да уживаме во среќата ако не ја делиме со другите, токму како ни во богатството ако и за другите не го произведуваме. -Бернар Шо

-Среќен е мудриот човек, бидејќи во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средениот образуван дух. – Мантегаца

-Оној кој самиот себе се лаже, најлесно се навредува. – Достоевски

-Најдобар знак за вистината е едноставноста и јасноста. Лагата секогаш е замрсена, накитена и речита. –Толстој

-Добрината е мудрост, а можеби и највисока мудрост. Луѓето не се добри само затоа што се мудри, туку се и мудри затоа што се добри. –Лорка

-Успехот ти носи многу работи, но не и она чувство на длабока среќа
кое ти го дава љубовта.  - Семјуел Голдвин

-Сите ние знаеме што сме , ама не знаеме што може да станеме. – Шекспир

-Целта ги оправдува средствата, ама ниту една цел не може да биде толку возвишена за да ги оправда нечесните намери. – Алберт Ајнштајн

-Тајната на постигнувањето повеќе е во тоа дека треба да започнете. Тајната на започнувањето е во кршење на комплексните неиздржливи задачи на мали изводливи задачи и потоа, почнување со првата. – Марк Твен

-На срцето полно со храброст и добрина, од време на време му е потребна мала доза на опасност, инаку животот му станува неподнослив. – Ниче

-Светот е тесен, а паметот е неограничен. Мислите лесно живеат една покрај друга, но работите болно се судираат во просторот. – Шилер

-Најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот. – Ниче