MUSC INVISIBLE - Совршен спој на тело и душа: Новиот, неодолив мирис на Juliette has a gun
Зборови на креаторот:
“После Vanilla Vibes, се пронајдов себеси соочувајќи се со уште еден гигант во парфимеријата: Мошусот.
Нежна, топла и пријатна композиција, со допир на цвет од памук и јасмин. Иако оваа комбинација делува дека треба да биде замаглена и во позадина, токму овде лежи трикот.
Не е особено софистициран или инвентивен, но мириса толку генерично, што сметам дека не може некој да го сака. Совршен антидот на богати и екстравагантни мириси? Можеби...зошто да не...вие кажете ми!
На крајот, јас би го опишал како симпатична, сензуална креација, која потсетува на мирисот на чиста кожа“...Романо Ричи
Удобeн и едноставен како твојот омилен пар стари фармерки ... соодветен за на работа, како и за кежуал состанок.
Musc Invisible потсетува на нешто добро, лесно, оптимистично и истовремено прекрасно кревко.
Волшебен и носталгичен коктел од пријатни ноти, поставен на свиленкаста основа на кремаст мошус.
Совршен спој на тело и душа.
Пробајте, носете го и затоа што ќе бидете од првите што ќе го помирисаат, не двоумете се да ги споделите со нас вашите чувства на социјалните мрежи: @juliettehasagun - #muscinvisible
Горна нота:
Јасмин
Средна нота:
Цвет од памук
Базна нота:
Бел мошус
Сместен во шишенце кое ацоцира на мистериозна вода, исто како лицето позади кампањата. Графичко, сребрено сино шишенце, кое најавува она за што Musk Invisible е наменет. Дискрецијата и едноставноста се апсолутните знаци на Елеганцијата.