Животна училница // Приказни
Музичката ѕвезда Ален Исламовиќ бил на вечера со Буштур пред да загине
- 30 Јануари, 2020
Токму пред да загине во кобната сообраќајка, легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур, бил на вечера со популарниот босански пејач на „Бјело Дугме“ и „Дивље јагоде“ Ален Исламовиќ.
Исламовиќ тоа го објави на својот фејсбук профил, а објави и фотографија од вечерата со Буштур.
Тој изрази големо жалење за нашата кошаркарска легенда.
„Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер бевме заедно на вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочуство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша пејачот на својот профил.
Целиот текст го имате на ФАКТОР.МК