На 22 години добила алопеција, а со периката дури и се капела: Сега се чувствува силно и убаво

Добивај вести на Viber

Оваа девојка сега се занимава со манекенство и ужива во животот

На манекенката Кристи Валдисери (29) пред седум години почнала да и опаѓа косата и сите останати влакна на телото, а лекарскиот преглед открил дека има алопеција. Алопеција е болест која предизвикува опаѓање на косата, најчесто во форма на кругови.

Круговите без влакна се појавуваат ненадејно, и најчесто го зафаќаат скалпот, но и другите делови од телото. Ова е само една форма на алопеција.

Таа признава дека била толку исфрустрирана од својот изглед што носела перика дури и кога се капела.

Како што вели, на секој начин се трудела да ја сокрие својата болест, но неодамна решила да се прифати себеси таква каква што е.

Кога се прифатила, тогаш почнале да и доаѓаат деловни понуди, а Кристи сега се занимава со манекенство.

View this post on Instagram

A post shared by Christie Valdiserri (@christie.valdiserri)


- Тоа беше толку трауматично искуство. Ја изгубив косата, немав работа и повеќе не бев русокосата, популарна девојка од факултетот. Јас природно сум многу енергична, позитивна личност. Но, алопецијата едноставно ми ја цицаше душата. Не сакав да излегувам или нешто слично. Купив перика, ја залепив на главата и решив да продолжам со животот - се присетува таа.

И покрај тоа што постојано носела перика, таа вели дека нејзиното ментално здравје било многу лошо.

- Плачев секоја вечер пред да спијам. Не се чувствував удобно во сопствената кожа. Косата ми недостасуваше и останав заглавена во темна дупка - искрена е Кристи.

Меѓутоа, во 2019 година сè се менува, бидејќи Кристи решава да ја остави периката зад себе и да им покаже на сите како навистина изгледа.

View this post on Instagram

A post shared by Christie Valdiserri (@christie.valdiserri)



- Не сакав повеќе да се кријам. Мислев: ќе го сторам тоа. Ќе облечам бикини и ќе прифатам дека сум убава и ќелава.“ Така и беше. Се сликав за едно популарно списание и се чувствував силно и убаво.

Истата година почнала да работи со деца кои имаат алопеција, се со цел да им помогне да се прифатат.

View this post on Instagram

A post shared by Christie Valdiserri (@christie.valdiserri)



– Имаме тематски вечери за возрасни и организиравме писти во салите за да можат децата да чекорат по нив и да се чувствуваат моќни – заклучи таа – пишува „Дејлистар“.


Foto: Instagram/christie.valdiserri