Култура // Концерти
На 78 години скокаше и пееше како младо момче: Жељко Бебек со концерт во Скопје
И по четири децении откако е на естрадата, легендарниот, но и прв пејач на славниот бенд „Бијело дугме“, 78-годишниот Жељко Бебек, сè уште физички е во одлична кондиција. Во Скопје, одржа два свои солистички концерта пред преполната сала во Македонската филхармонија и во организација на „Авалон продукција“.
Ја разнежни и разигра публиката, наизуст се пееја сите негови песни, тој се потсетуваше емотивно на моменти од својот живот, а громогласниот аплауз не изостана.
„Доживјети стоту“, „На задњем сједишту мога аута“, „Тако ти је, мала моја, кад љуби Босанац“, „Сви марш на плес“... се пееја во еден глас.
На концерот беа и неговата сопруга и синот кој го придружуваше со гитара на сцената.
Фото: Вангел Тануровски
Галерија: