На 82-годишната свекрва на Андријана Јаневска ѝ го украле паричникот, па го фрлиле: Чесен пронаоѓач им го вратил

Сè уште постојат чесни и добри луѓе. 

Честопати сме сведоци, некој од нас дури искусиле или пак слушнале од нивни блиски за секојдневните кражби на паричници, телефони и слично.
За жал, тоа е реалноста, но за среќа постојат чесни луѓе!

Една таква случка раскажа вчера и пејачката, виолинистка и професор Андријана Јаневска, на својот профил на Фејсбук.
 Како што напиша таа, на нејзината 82-годишна свекрва ѝ бил украден паричникот, за среќа жената брзо сфатила и се јавила да ѝ ја блокираат сметката, па крадецот успеал да украде само 1000 денари и го фрлил паричникот. 
Чесен пронаоѓач го нашол и го однел во банка, а Андријана е бескрајно благодарна за хуманоста.

Ви го пренесуваме целиот статус на Андријана:

Сè уште постојат чесни и добри луѓе. Еден од нив е
Hristo Hristov кој го пронашол паричникот на свекрва ми и го однел во Стопанска Банка. Од срце Ви благодарам за Вашата добрина, како и на продавачката во бутик Бела во ТЦ Буњаковец која го известила Христо. Благодарност и до KAM MARKET кои направија сè во нивна надлежност. Паричникот и' бил украден непосредно откако излегла од маркетот. Свекрва ми има 82 години и иако е витална, не почувствувала кога и бил украден. Крадецот земал 1000 денари во кеш (толку имала), пробал да извади пари од банкомат, но за среќа картичката ја блокиравме уште веднаш бидејќи свекрва ми ми се јави во рок од 5 минути. Забележала дека нема паричник кога сакала да се качи во автобус. За среќа, крадецот не можел ништо да земе освен тие 1000 денари, па го фрлил паричникот. Уште еднаш голема благодарност до Христо и до сите кои дадовте совети и помогнавте.



Поврзани вести:

Среќа, една полна вреќа: Синот на Андријана Јаневска наполни 6 години

(ФОТО) Пред 11 години како невеста: Андријана Јаневска слави годишнина од брак