(ФОТО) Пред 11 години како невеста: Андријана Јаневска слави годишнина од брак

Пејачката, виолинистка и професор на ФМУ Андријана Јаневска, на својот профил на Фејсбук се потсети како изгледале со сопругот Гино пред 11 години. Имено токму денес им е годишнина од брак.

- Фотографииве се од 30.12.2009, денот кога стапив во брак со Гино. 11 убави години, два прекрасни сина и многу песни. На многаја лета! - стои во описот.

Од хармоничниот брак со музичарот, Андријана ги има синовите Димитар и Кристијан. 

Поголемата разлика во годините (Гино е 14 години постар од Андријана) се покажала како предност во нивниот живот.


Инаку се венчале следната година во јуни, па пејачката вели дека секоја година си слават две годишнини.


*Андријана Јаневска искрено за ќерката на Мелита Ракичевиќ: Пее подобро од многу професионалци

*Гушкајте си ги мајките додека сè уште можете: Андријана Јаневска за нејзината прерано почината мајка